Милевски: Нема да настане апокалипса доколку договорот биде прифатен или отфрлен

Од:

Собранието треба да овозможи граѓаните да се изјаснат на референдум за договорот и одлуката на народот треба да биде конечна. Никој да не се плаши од гласот на народот, да не се прават притисоци од ниту една страна бидејќи нема да настане апокалипса на светот и на Македонија доколку договорот се прифати или пак се отфрли“, вели за А1он и Макфакс лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

Во пресрет на утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Битола по повод потпишување на договорот за промена на името на Република Македонија, Милевски смета дека во, како што кажа, овие историски моменти секој треба да е свесен за ситуацијата и да се однесува одговорно со цел да не се дозволи раздор помеѓу македонскиот народ и секој собир во насока на целиот процес треба да е достинствен и без да биде загрозена безбедноста и сигурноста на граѓаните.

-Мора да се прекинат делбите на предавници и патриоти. Сите ја сакаме Македонија подеднакво, нема некој што ја сака повеќе или помалку. Големите партии ја имаат и најголемата одговорност. Митингот на опозицијата во Битола не смее да го посее семето на раздорот. Верувам дека новото раководство е свесно за сериозноста на ситуацијата и за историскиот момент и дека ќе умеат да се наметнат над ситуацијата. Не очекувам тензии и проблеми, но треба да се води сметка за вокабуларот и пораките кои ќе се упатат од овој собир“ вели Милевски.

Виктор Јованов