Премиерот Зоран Заев му го доставил договорот за името на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и тој во текот на утрешниот ден се очекува да помине на владина седница и да биде декласифициран. Ова го потврди Мицкоски по неколкуминутната средба со заев во Владата. Тој рече дека средбата била куса, бидејќи темата била исцрпена за овие дена и тој немал што повеќе да додаде од она што го изнесе на прес-конференции деновиве.
Тој додаде дека Заев ги ставил пред свршен чин да прифатат капитулација, но дека ќе ги искористат сите средства кои ни се на располагање, за да пркосат на тоа.
Галена Николовска Ризвановиќ
