Проектот „Панел2050 – партнерство за ново енергетско лидерство 2050“ и Центарот за развој на североисточниот плански регион, денеска во Куманово организираа работилница, на која ги запознаа присутните како да изработат акциони планови за енергетска транзиција, како да ги користат средствата и ги информираа за политиките во оваа сфера.
Претставници на конзорциумот кој го имплементира поектот „ПАНЕЛ 2050“ Универзитетот од Тарту, Естонија и консултанти од „Conplusultra“, Австрија ги обучуваа општинските администрации од шесте општини.
Андреас Карнер, консултант од Австрија, информира дека проектот кој е финансиран од Европската комисија има за цел развивање на стратегии и приоритетни активности за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
– Македонија е една од првите земји која што работи на овој проект и многу ни е драго заради тоа. Денешните активности ќе бидат фокусирани на правење на стратегија за правење на овие пилот проекти и за развивање на стратегија во неколкуте следни месеци, вели Карнер.
Појаснува дека секоја држава има свои приоритети и потенцијали во однос на одржливите извори на енергија. Државите, додава треба да работат на креирање пилот проекти кои на регионално ниво и ќе постигнат напредок.
– Јас сметам дека секоја држава не само Македонија, има можност на овој начин да работат на ова поле со тоа што на овој начин ќе се отворат и нови работни места, проекти не само за јавниот сектор, туку и за домаќинствата, индустријата и воопшто за регионалниот развој во глобала, додава Карнер.
Заменик министер за локална самоуправа, Дејан Павлевски потенцира дека ова е европски од програмата програмата „Хоризонт 2020“.
– Европа доста работи на транзиција на користење на енергијата од фосилни кон обновливи извори на енергија. Во таа смисла и Македонија мора да биде подготвена во тој процес. Овој проект го разбирам како подигање на свеста и на регионите и на општините и на граѓаните, но и давање мапа, стратегија како треба да се движи во која насока треба да се движат општините, регионот, свекупно и државата. Иако, знаеме дека државата пред кусо време го донесе новиот закон за енергетика, дражвата е јасно определена дека мора да се насочиме кон искористување на обновливите извори на енергија, вели Павлески.
Заменикот министер вели дека мора да се искористат Сонцето, ветерот, гасот и другите обновливи извори на енергија и потенцираше дека ќе треба да се искористат фондовите на ЕУ и со тоа да се проследат заложбите на Владата, а воедно да се заштити и животната средина .
Раководител на Центарот за развој на СИПР, Младен Протиќ информираше дека проектот ќе се работи до април наредната година. Главната активност е да се изработи стратегија и акционен план за енергетска транзиција на регионот до 2050. Протиќ, вели дека имаат поддршка од општините, и смета дека североисточниот ќе биде еден од првите региони кој ќе ги прилагоди стратешките документи на ЕУ во однос на транзиција на енеренси до 2050 година.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски потенцира дека регионот има ресурси, потребно е да се изработат стратешки документи и општините ќе работат на овој процес за да се искористат фондовите. Тој појасни дека Крива Паланка веќе започнала процес за гасификација на градот, проект кој ќе придонесе за заштита на животната средина, а ќе ги намали трошоците и на домаќинставата и на правните субјекти.
