Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, преку нејзиниот Фејсбук профил порача дека е разочараа од реакциите на некои граѓани по повод отворањето на мал групен дом за деца со попреченост во село Тимјаник, неготинско.
Царовска порачува дека децата во домот не се никаква опасност за останатите граѓани или нивните деца.
„Изненадена сум и искрено разочарана од реакциите на некои граѓани по повод отварањето на мал групен дом за деца со попреченост во с. Тимјаник, Неготино. Станува збор за дом каде ќе се сместат неколку деца кои на ниеден начин не претставуваат закана за локалните жители, ниту пак на ќе влијаат на секојдневито на граѓаните. Овие деца, од кои за жал повеќето се неподвижни, се преместуваат како би имале похумани услови за живот и семејна атмосфера. Жално е што сеуште постојат толку предрасуди, но токму против ваквите размислувања силно се бориме. Сакам да им порачам на сите кои се плашат или се загрижени дека нема никаква потреба за тоа. Децата во домот не се никаква опасност за нив или нивните деца, ќе бидат под 24 часовна грижа и нема да им го нарушуваат животот. Се надевам дека ќе преовлада разумот и дека на крајот ќе имаме успешен процес на преселба на децата од институциите во малите домови“ пишува министерката Царовска на нејзиниот Фејсбук профил.

