А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мемориjален планинарски марш по повод смртта на Рацин

by А1он09/06/2018 - 15:29137
Share0

По повод 75 години од трагичната смрт на големиот македонски книжевен деец и активист Коста Солев Рацин (1908 – 1943) на Лопушник, ПЕД „Ендорфин” и ПСД „Бистра” од Кичево го организираат Дваесет и вториот меморијален планинарски марш.

Добивај вести на вибер

– Искачувањето до врвот Стог (споменик – 1576 м.н.в.) почнува од селото Извор во 7:30 часот. Должината на патеката изнесува 12 километри во еден правец. Првиот дел води по колски пат до ливадата кај Долни Лопушник. Оттука се продолжува по козја патека низ букова шума. Пред врвот Стог повторно патеката се приклучува на колскиот пат. На слегување се оди до местото на загинувањето на Рацин и се полага свежо цвеќе, информираат „Ендорфин” и „Бистра”.

Сите учесници треба да имаат соодветна опрема: разгазени планинарски чевли, облека според временските услови, кабаница за дожд, капа, стапчиња, храна и вода.

Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата зависно од временските услови и останатите технички препреки, се вели во сопштението од двете планинарски друштва.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто