А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Синдикати: Градежни инженери се вработуваат додека фирмите да добијат дозвола за градба

by А1он08/06/2018 - 13:48147
Share0

Независниот синдикат на камионски транспортери на Македонија и Независниот синдикат на градежни работници денеска обвинија дека градежни компании вработуваат градежни инженери само додека да добијат дозвола за градба, а веднаш потоа ги отпуштаат.

Добивај вести на вибер

Со ова, според синдикатите, се кршат работничките права како што се правото на недоместок за изработените часови, правото на регрес за годишен одмор, правото на 48-часовен одмор, годишен одмор….

– Една градежна фирма за да изведува градба на објекти мора да добие дозвола за градба, а за да ја добие ваквата дозвола, мора да има вработено на неопределено време двајца инженери со овластување за изведба на објекти од Б категорија. Некои градежни фирми работат надвор од законските норми со кои се гарантира стабилноста на објектите. Имаме сигурни информации дека вработуваат инженери со овластувања, вадат дозволи и веднаш потоа ги отпуштаат од работа, изјави Страшо Ангелов, претставник на синдикатите.

Синдикатот, како што посочи, има испратено барање до Министерството за транспорт и врски за тоа каде може да поднесат претставка за ова, но досега нема добиено одговор. Го повикаа и Трудовиот инспекторат да ги испита ваквите случаи.

Покрај ова, синдикатите бараат да се одржуваат и тоалетите на јавните места во државата и јавните и приватни паркинзи и бензиски пумпи. – Барањето е во функција на одржување на хигиената на професионалните возачи во меѓународниот транспорт, на странците и на граѓаните на Македонија кои патуваат, изјави синдикалниот претставник Атанас Трајковски.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто