Политичкиот аналитичар и поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, преку својот фејсбук профил упати закани до јавните обвинители и судиите кои го водат случајот за упадот во Собранието на РМ на 27 април. Тој на социјалните мрежи напиша дека ќе стори се за судиите и јавните обвинители да добијат „заб за заб, око за око“ поради, како што вели, малтретирањето на учесниците во немилиот настан.
-Читам вчера Сашо Сенков после цела година притвор во Шутка е ослободен од обвинение. Тврдам дека истото порано или подоцна ќе се случи и со Игор, Борис, Владо, Богдан, Ченто, Горан, Илче, Тошта. Сакам да го предупредам обвинителот кој што го водел случајот против него, како и сите останати обвинители и судии кој и понатаму ги малтретираат уставобранителите од 27 април со притвори и влечење по судови, дека се ќе направам истите да си добијат заб за заб, око за око, година во Шутка за година во Шутка. Колку лежел Сенков, толку да лежи и обвинителот. Дека ќе бидете набркани од работа мислам дека не треба ни да ви кажувам. Само така ќе има правда и ќе има мир, напиша Пандов.

Виктор Јованов
