А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Потврдена 16-годишната казна затвор за сторителот на убиството на Матилоски

by А1он05/06/2018 - 19:23102
Share0

Бојан Угреновиќ, државјанин на Република Србија, денеска во рамки на повторениот судски процес повторно беше прогласен виновен за сторено кривично дело „убиство“ на охриѓанецот Димитар Матилоски.

Добивај вести на вибер

Судскиот совет пред Основниот суд во Охрид, каде се одвиваше повтореното судење на обвинетиот му изрече казна од 16 години затвор, во која е пресметано и времето што осомничениот го мина во притвор.

Првото судење за убиството пред кафе барот „Табана“ во Охрид на 1 јануари 2016 година заврши на 20 декември 2016 година кога Основниот суд во Охрид го прогласи обвинетиот за виновен изрекувајќи му единствена затворска казна во времетраење од 16 години.

Обвинетиот на првото појавување од процесот ја призна вината, изразувајќи каење за стореното дело и жалење за последиците, додека оштетените во случајот, роднините на убиениот Матилоски, од Судот бараа најстрога казна, односно доживотен затвор.

Првата пресуда беше обжалена од одбраната на Угреновиќ пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради забелешки го врати случајот на повторно судење.

Повтореното судење за убиството на Матилоски требаше да почне на 5 мај минатата година, а беше неколкупати одложувано поради формални причини, од неможност на службите да го доведат осомничениот поради презафатеност, преку непојавување на адвокатот на одбраната, се до некои процедурални неусогласености.

На рочиштето закажано за 25 јули, минатата година, кога беа создадени услови за да почне процесот, обвинетиот го смени исказот и се произнесе за невин, што налагаше повторување на целиот процес со повторување на изјавите на сите сведоци од предметот, така што судењето требаше да почне во септември, минатата година.

Поради правни недоследности, спротивно наредбата на Судот да не ја напушта земјата и да се јавува на надлежните органи, обвинетиот ја искористи можноста веднаш по укинувањето на мерката притвор да ја напушти земјата и од тогаш е недостапен за органите на прогонот.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто