А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Царовска: Јанкуловска, како и сите граѓани, ќе биде третирана по закон

by А1он04/06/2018 - 13:37117
Share0

Гордана Јанкуловска нема причина воопшто да се вознемирува затоа што таа, како и сите граѓани ќе биде третирана по закон, одговори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на писмото на поранешната министерка за внатрешни работи во кое се обраќа до неа и до новата министерка за правда Рената Дескоска за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО во кој таа е една од обвинетите.

Добивај вести на вибер

Царовска додаде дека доколку има некаков проблем кој е од ресорот со кој таа раководи би помогнала без никаков проблем, но, рече, такво нешто засега нема.

– Во однос на она што го поставува во писмото, а се однесува на судските пракси одлуки и процедури, тоа не е во моја надлежност, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање пред Втората меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018“.

Јанкуловска во отвореното писмо што до Дескоска и Царовска го упати во саботата се пожали на остварувањето на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените, односно нивната груба повреда.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто