Под мотото „Македонија ќе победи“ пред Владата на Република Македонија вечерва митинг одржува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е прв митинг што го организира ВМРО-ДПМНЕ предводена од новото раководство и претседателот Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати пред присутните членови и симпатизери на партијата.
Според најавите, од собирот на опозициската партија ќе бидат упатени критики за политиките на актуелната власт, а се очекува да бидат соопштени и следните чекори на опозицијата.
Сообраќајот на булеварот „Илинден“ пред Владата на Република Македонија е затворен за сообраќај.