А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Текстилниот кластер се извини за вербалниот напад врз новинарот Петрески

by А1он01/06/2018 - 16:1155
Share0

Текстилниот кластер Македонија упати јавно извинување за вербалниот напад на членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил Сашко Станоевски кон новинарот на Телевизијата Алсат – М, Иле Петрески вчера на прес-конференција.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Почитуван г-ин Иле Петрески, Ви се извинуваме во името на Текстилниот кластер за немилиот настан кој што се случи на вчерашната прес-конференција и молиме тој да не ги наруши добрите релации со вас како новинар и медиумската куќа Алсат – М, која во целиот овој период коректно не поддржува. Се оградуваме од испадите на нашите колеги, но воедно бараме да го разберете неговото однесување предизвикано од целокупните случувања кои што нанесуваат штета на текстилната индустрија. Секако ова не го оправдува неговото однесување и затоа уште еднаш јавно се извинуваме со надеж за добра и плодна идна соработка, се наведува во извинувањето.

Осуда за вербалниот напад кон новинарот Петрески денеска упати и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, од каде побараа текстилниот Кластер да се извини за однесувањето на Станоевски.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео