Конференција по повод Европскиот ден на конкуренција

Од:

Клучните законодавни настани во Европското конкурентско право како што се Директивата за штети и идната ECN+Директива, која ќе има одредувачко влијание врз спроведувањето на правилата за конкуренција во наредните години, била темата на состанокот по повод Европскиот ден на конкуренција кој се одржа денеска во Софија, Република Бугарија.

Како што соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија на конференцијата по повод денот на конкуренцијата присуствувал и претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија Благој Чурлинов, кој остварил средба со Европската Комисионерка за конкуренција Маргрет Вестагер при што размениле искуства поврзани со спроведувањето на правото и политиката за заштита на конкуренцијатa.

Во Софија се разговарало и за случаите кои се појавуваат пред конкурентските управи во енергетскиот сектор. На настанот присуствувале претставници од конкурентски управи, познати експерти и адвокати од конкурентското законодавство, политичари и претставници од бизнис заедницата.

Би можело да ве интересира

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он