(ВИДЕО) Абдули: Ова е снимката која беше потребна, јасно се гледа дека обвинетите го напаѓаат Села

Од:

„Ова е снимката која им беше потребна на Јавното обвинителство и на Судот да се утврди вистинската слика за нападот врз Зијадин Села на 27 април, минатата година.

– На снимката видовме најмалку седум од десетте обвинети како прават кривично дело“, рече адвокатот на Зијадин Села, Абедин Абдули по завршувањето на рочиштето за нападот врз Села.

На снимката која денеска беше прикажана во Судот се појавуваат и лица кои не беа опфатени со обвинителниот акт и за нив адвокатот Абдули вели дека очекува друга постапка.

Виктор Јованов