Конференција за регулативите како поддршка на традиционалните производства

Од:

„Регулативите на маса: во поддршка на традиционалните производства“ е темата на денешната конференција што ја организираат Слоу фуд Водно, Слоу фуд Битола и „Екоросалес“ во рамки на проектот „Од нива до маса – канализирање на проблемите на фармерите преку документи со ставови и други пишани форми“.

Предвидени се две сесии, едната насловена „Ознаките за квалитет на земјоделските и прехранбените производи (ЗОП, ЗГО, ГТС) алатки за одржлив локален и економски развој“, а другата „Примена на флексибилноста во законските прописи за хигиена: суштинска потреба за зачувување на традиционалните сирења“.

Во рамки на конференцијата ќе стане збор за маркетинг-иновациите во фарми со висока природна вредност, програмите за поддршка на заштитата на традиционалните производи, флексибилноста во законските прописи за хигиена, доближување до европските практики за традиционално производство на сирења и искористеноста на пакетот хигиенски мерки во Италија, Шпанија и Турција.

Најавени се презентации на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Институтот за сточарство, гости од Бигарија, како и претставници од Министерството за земјоделство.