Отворен спомен-музејот на Француските воени гробишта

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Кристиан Тимоние, амбасадор на Франција во нашава земја, денеска по повод одбележувањето на настаните од Првата светска војна во Скопје и во Битола и пробивот на Македонскиот фронт, ја отворија Спомен-куќата и музеј на Француските воени гробишта во Скопје.

-Историјата ништо не ќе каже за обичните војници кои жртвуваа се што имаа, таа зборува само за водачи, генерали, статистики… Но, овој музеј и ова дрво ќе бидат симбол на пожртвуваноста и храброста на сите знајни и незнајни херои, но истовремено и опомена никогаш да не се повторат ужасите од војната- порача Шилегов.

На Француските воени гробишта во Скопје се наоѓаат тела на војниците коишто загинале за Франција во времето на нападот на Сојузничките армии во Македонија во насока на Скопје во септември 1918 година.