(ВИДЕО) Тодев: Доколку за 30 дена не бидат прифатени барањата, затворска полиција ќе излезе на улица

Од:

Независниот синдикат на полицијата им даде 30 дена рок на институциите да ги задоволат барањата на затворската полиција односно потпишување на колективен договор со кој ќе бидат подобрени условите за работа на за полицајците или во спротивно сите припадници на затворската полиција низ земјата ќе престанат со работа и ќе излезат на улица да протестираат.

-Откако ќе биде свикана комисијата која треба да ги одобри барањата, 30 дена е рокот тие да ги поминат сите процедурални комисии и да стигнат на пленарна седница. Во наредниот период доколку на сите овие прашања за кои денеска разговаравме наидеме на негативности сите затворски полицајци по директива на Независниот синдикат ќе излезат на улица, изјави претседателот на Незавнисниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.

Денеска гранскиот независен синдикат на полицијата организираше синхронизиран протестен марш при што беа посетени две министерства, министерството за земјоделство и министерството за правда каде раководството на синдикатот разговараше со надлежни лица од министерствата со цел зголемување на правата и подобрување на условите во кои работат затворската и шумската полиција.

-Во министерството за земјоделство поминавме поедноставно, имавме 1 час разговори со преставниците, а во министерството за правда одеше поотежнато, со директорот на управата за извршување и санкции разговаравме цели 2 ипол часа, вели Тодев.

Според него, исходот од разговорите, е позитивен, сите барања се ставени на хартија и во среда, треба да бидат доставени до комисијата каде претседателот на независниот синдикат во КП Идризово ќе ги презентира забелешките со цел отстранување на негативностите кои во наредниот период треба да бидат надминати.

-Законот кој е за затворската полиција мора да биде применлив односно прифатен од сите директори во затворите и се она што беше во минатото проблем да ставиме крај на тоа и да отпочнеме еден нормален процес за нивно функционирање, вели Тодев.

Виктор Јованов