Претставници на шумската и затворската полиција, заедно со Независниот синдикат на полицијата протестираат пред Министерството за правда, барајќи потпишување на колективен договор.
Од Независниот синдикат на полицијата во министерството за правда преговараат за потпишување на колективен договор за затворската полиција, откако претходно на таков состанок беа во министерството за земјоделство, каде што бараа договор за шумската полиција.

Улицата кај „Рекорд“ во центарот на Скопје е блокирана од 13 часот, кога започна протестот.

Вработените во шумската и затворската полиција за „А1он“ велат дека си ги бараат назад правата кои им се скратени и бараат подобрување на условите за работа.
Виктор Јованов