А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Традицонално искачување на Титов Врв

by А1он27/05/2018 - 09:4396
Share0

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“ и се очекува пешачењето до највисокиот врв на Шара да трае околу четири до 4,5 часа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Патеката, велат организаторите, е средно тешка и има вкупна должина од 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Се движи по тревна површина, по каменит предел и е делумно покриена со снег.

– Патеката е маркирана со класична планинарска маркација, дополнета со знаменца. Сите учесници ќе бидат распоредени помеѓу челото и крајот на колоната, помеѓу кои ќе има водичи на клубовите кои носат видливи ознаки за препознавање (на ранците ќе имаат акредитации со ознака организатор), посочуваат организаторите.

По кратката пауза на врвот, додаваат, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, околку 14 часот каде ќе бидат посужени со чај од „Пријателите на Шара“со што настанот официјално ќе биде затворен.

Следете a1on на Youtube YouTube

За искачувањето е потребно да се користи стандардна планинарска опрема за движење во зимски услови. Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа. Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција.

Оваа година се очекува бројот на искачени планинари да биде над 800. За турата има пријавени панинари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и Словенија.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео