А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нема да има решение за името, рече грчкиот министер за одбрана

by А1он22/05/2018 - 16:3258
Share0

Решение нема да се најде, вели министерот за одбрана на Грција и коалициски партнер во грчката влада Панос Каменос во интервју за радиото „Алфа989“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Лидерот на Независни Грци уште еднаш ја повтори позицијата дека неговата партија нема да гласа за сложено име со терминот Македонија, без разлика дали, како што рече, ќе се вика „Илинден, Свети Илија, дали ќе се вика Горна, дали ќе се вика Долна, Вардарска Македонија, тоа е Македонија“.

– Верувам дека нема да се најде решение. Верувам дека нема да се најде бидејќи самите Скопјани го имаат убедено нивниот народ во еден мит што го изгради Тито и што се врти околу името Македонија. Јас имам јасна позиција, нема никогаш да гласам за име што го содржи терминот Македонија. Независни Грци ова го имаат во основачката прокламација, ние нема шанси да гласаме кое и да е името дали Горна, Долна, Свети Илија, рече Каменос во интервјуто.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, коалицискиот партнер во грчката влада, рече дека предуслов за договор е да се направат уставни промени кај нас, за кои изрази став дека не би поминале во македонското собрание.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Позицијата на владата е дека нема да има никакво гласање и ратификација на договорот во грчкиот парламент, ако не помине уставна промена во собранието на Скопје, потенцираше министерот за одбрана на Грција и индиректно, им стави крај на преговорите и покрај тоа што задутре, шефовите на македонската и грчката дипломатија ќе одржат нови средби со медијаторот Нимиц во Њујорк.

– Грција водеше преговори, ја доби играта на меѓусебни обвинувања (blame game), покажа дека Грција не е таа што го турка Скопје, самите си се самоубиваат, самите одлучуваат дека не го менуваат нивниот Устав. Штом не го менуваат нивниот Устав, запира секаков разговор, додаде Каменос во интервјуто, пренесе МИА.

Тој говореше и за шефот на грчката дипломатија во однос на тоа дека добро ги води преговорите и што успеал да направи, споменувајќи дека соседите прифатиле дека се словенска нација, но и ги тргнале спомениците.

– Министерот за надворешни работи, успеа конечно да им ги симне спомениците, таа лудост, како италијанска комедија беше. Го ставија Александар Велики на коњ поголем од вселенски брод, па имаа ставено знаци на аеродроми, на улици на пластични кутии на производи, добро е, ги тргнаа, ги симнаа. Тоа е еден чекор. Втор чекор, мислам дека е, што конечно, во меѓународните преговори, прифаќаат дека се една словенска нација, еден народ кој потекнува од Словените кој живее во тој регион, рече Каменос.

Прашан за последниот предлог „Република Илинденска Македонија“, уште еднаш повтори дека не прифаќа име со вклучен терминот Македонија, а ситуацијата со нашата земја ја спореди со островот Аруба на Карибите.

– Илинден го поврзуваат со една битка… Сте биле на Аруба? Тоа е остров во Карипското море и бидејќи луѓето немале ништо да кажат за нивната историја, најдоа една карпа како мост, и го направија национален споменик, но падна карпата и со тоа беше уништен националниот споменик. Вака некако е и ситуацијата во Скопје, објасни министерот за одбрана на Грција, коалициски партнер во грчката влада и претседател на Независни Грци.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео