Денот на словенските просветители, Здружението на просветни работници и општина Куманово им врачија дипломи на најдобрите ученици од 16-те основни и петте средни училишта од Куманово.
Првенците на генарацијата 2017-2018 добија дипломи и книги. Манифестацијата беше можност ученциите и наставниците да се потсетат на делото на просветителите и на улогата и значењето на образованието.
– На овој ден не само што ќе се потсетиме на делото на просветителите, туку ќе ја искористиме можноста и да им оддадеме почит на учениците на генерацијата во двете општини Куманово и Старо Нагоричане, а со самото тоа да им дадеме поттик и понатаму да чекорат кон патот на знаењето, рече пред присутните претседателката на Здружението на просветни работници Лидија Николовска Георгиевска.
Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска на учениците им посака успех во понатамошнто образование, укажувајќи дека со вакви генерации иднината на Македонија е блескава.
Една од наградените е и средношколката Анастасија Спировска, која ќе го продолжи своето образование на еден од техничките факултети, иако завши смер „банкарски техничар“ во средното „Перо Наков“. За успех вели дека е потребно посветеност, енергија и труд кој на крајот се вреднува, смета оваа матурантка.
Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма подготвена од ученици од кумановските училишта.
