Општината Кисела Вода испрати реакција по денешните протести на група граѓани, кои утрово побараа од Шилегов и Темелковски да објаснат зошто го затвотраат делот кој ги поврзува улицата „Христо Татарчев“ булеварот „Србија“, кон Ново Лисиче.
Од општината велат дека постигнале договор со Град Скопје, што значи дека нема да се затвораат улици.
„Општина Кисела Вода е во редовна комуникација со Град Скопје за сите проблеми кои ги засегаат жителите на Општина Кисела Вода, а чие решение се под ингеренција на Градот Скопје. Сакаме да Ве информираме дека за улицата Христо Татарчев 1 за која пишувате, во делот кај кружниот тек на автобуската станица на последна 24-ка, е постигнат договор со Град Скопје и е изнајдено решение, што би значело дека нема да се затвораат улици, од што стравуваше околното население. Дополнително, ве информираме дека е продолжен процесот за експропријација на земјиштето, како изградбата на кружниот тек би можела да продолжи“, се вели во реакцијата на општината.
Понатаму се додава дека Кисела Вода и Градот Скопје ќе продолжат да преземаат координирани активности со цел да го подобрат секојдневното живеење на жителите од овој дел на главниот град.
