А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицотакис: Илинденска Македонија е олицетворение на иредентизмот

by А1он21/05/2018 - 09:2421/05/2018 - 11:4394
Share0

Илинден и илинденското востание се идентификуваат со македонскиот иредентизам, смета лидерот на грчката опозициска Нова демократија Киријакос Мицотакис и вели дека неговата партија никогаш нема да го прифати ова име.

Добивај вести на вибер

Мицотакис при посетата на грчкиот остров Крф ги спомена и преговорите за името и новиот предлог, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во изминатите денови слушнавме и јас лично бев избрифиран, дека се разговара за име на Скопје, за името „Илинденска Македонија“. Значи, да разјасниме одредени прашања за оние кои се чини дека не ја познаваат добро нашата историја. Илинденското востание и името на Илинден се идентификуваат со македонскиот иредентизам. Тоа е име што беше идентификувано со националистичко востание,  кое тогаш, како централен слоган, го имаше Македонија на Македонците и формирање на една голема Македонија, со главен град Солун. Со други зборови, истото име за кое разговараше и веројатно уште разговара Ципрас, е олицетворение на иредентизмот, рече Мицотакис и додаде дека му се чини дека „секогаш кога Ципрас преговара ноќе и сам, е опасен за националните интереси, изјави Мицотакис.

Претседателот на грчката конзервативна партија одново ги спомена позициите на Нова демократија за ерга омес име и уставна ревизија како предуслов за било кое решение и го повтори ставот дека тие нема да го прифатат конкретното име.

– Навистина се надевам, иако господинот Ципрас уште не не известил, дека ова име веќе го отфрли како неприфатливо, бидејќи ја навредува историјата на нашата земја и кое под никакви околности не може да биде прифатено, додаде лидерот на Нова демократија.

Како што веќе објави МИА, од опозициската партија во петокот соопштија дека „Алекис Ципрас телефонски го брифираше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис дека со господинот Зоран Заев разговара за името Илинденска Македонија“ и го отфрлија конкретниот предлог.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто