Со обуки за реагирање во случај на колас одбележан Меѓународниот ден на медицинските сестри

Од:

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија, по повод неделата на сестринството, а во рамки на глобалната кампања „Сестринство сега”, организираше практични обуки за идните колешки од Средното медицинскo училиште „Д-р Панче Караѓозов”, како да реагираат во случај на колапс.

– Секогаш како Здружение сме подготвени за размена на искуства со сите медицински сестри и техничари низ државата, а особено ни е драго разменувањето искуства со нашите помлади или идни колешки, посочи претседателката на Здружението, Велка Гавровска – Лукиќ, истакнувајќи дека овој вид едукации се особено важни зашто првата помош може да значи спасување живот.

Вели дека Здружението на медицински сестри и техничари на Македонија во континуитет се вклучува во активности со цел да сме што подостапни како меѓу фелата, така и со пациентите.

Со денешната активност, како што информираат од Здружението, освен Неделата на сестринството, беше одбележан и Меѓународниот ден на медицинските сестри 12 Мај.