Здружението на граѓани Профицио во партнерство со А1он во периодот септември 2017 – март 2018 година го имплементираше проектот Во фокусот: Надминување на злоупотребата на службена должност во Македонија, финансиран од Фондацијата МЕТАМОРФОЗИС. За таа цел беа изготвени препораки за надминување на злоупотребата и истите се дистрибуирани до надлежните институции, Собрание на РМ и граѓански здруженија и ќе инсистираме истите да бидат прифатени и имплементирани.
ПРЕПОРАКИ
- 1. Унапредување на функционалноста и ефективноста на системот за интегритет на јавната служба за системско справување со злоупотребата на службената положба, при што потребно е:
- Постоење на раководна одговорност;
- Регулирање на неусогласености и судир на интереси;
- Ограничување на дополнителната работа;
- Ограничувања по завршувањето на функција;
- Регулирање на подароците и бенефициите;
- Финансиско обелоденување;
- Заштита на укажувачите, унапредување на процедурите за примена на овој Закон во рамките на самите државни институции;
- Примена на етички кодекс и кодекс на однесување во кој носителите на функциите ќе служат како пример;
- Етичка обука, постоење и примен на јасни насоки при секојдневната работа;
- Активна примена на антикорупциски политики и политики за интегритет, како и доследно спроведување на акциски планови.
- 2. Потребно е да се унапредува борбата против корупција преку примена на системска на проверка и контрола во која треба активни чинители да бидат обвинителство, ДКСК, УЈП и судството преку примена на постојните закони во пракса и поголема иницијативност на самите институции:
ДКСК
- ДКСК да воведе електронско пополнување на анкетни листови што ќе овозможи точно, ажурно и навремено објавување на податоците од доставените анкетни листови на избраните и именуваните лица на интернет-страницата на ДКСК
- Кадровските капацитети на ДКСК суштински да се насочат кон проверка и следење на имотната состојба на избраните и именуваните лица
- Објавувањето на анкетните листови да биде подетално, со информација за датумот на почетен внес, како и информација за сите уписи на промена поединечно, вклучително и анкетниот лист кој се доставува 30 дена по престанокот на функцијата, за да може да се следи промената на имотната состојба.
- Објавувањето на анкетните листови да содржи и информација за датумот на почетен внес, како и информација за сите поединечни уписи на промена, при што истите треба да останат трајно достапни по напуштањето на функцијата.
- Да се прошири опфатот на лица кои имаат обврска да поднесуваат анкетен лист со лицата кои имаат инспекциски овластувања во сите државни органи и регулаторни тела.
УЈП
- Управата за јавни приходи, активно да проверува дали и колку нечиј имот несразмерно се зголемил и дали тој имот потекнува од оданочени приходи, дали некој доволно заработува за да се стекне со него или сепак во прашање е корупција.
УЈП да воведе постапка на задолжителна валидација на потеклото на имотот. Во случаите кога подносител на имотен лист поседува одреден имот, а нема документи да покаже и докаже потекло, УЈП треба активно да проверува како секој подносител на анкетен лист се стекнал со одреден имот и дали тоа е од оданочени приходи. Во случаите кога не може да се утврди потеклото, УЈП да поведува даночна постапка според Законот за персонален данок на доход, со 70 отсто оданочување.
- Процедурата са валидација на потеклото на имотот да се врши со проверка преку пристап до сите бази на податоци, а при истата постапка да се проверува и судир на интереси
- 3. Усогласување на Законот за укажувачите според препораките на Венецијанската комисија.
- 4. Едукација на вработените во јавните иституции за примената на законот за заштита на укажувачите:
- Објаснување на поимот „злоупотреба на службена должност“.
- Објаснување на заштитата на укажувачите
- Охрабрување за пријавување на злоупотреба на службена должност и било каква друга криминална активност во јавни институции
- Превенција на злоупотреба на Законот на заштита на укажувачите за да не прерасне во алатка за пресметка со неистомисленици
- 5. Следење на имотната состојба не само пред и по завршување на мандатот туку и во текот на целото времетраење, најдобро квартално.
- ДКСК и УЈП мора да имаат функционални механизми за кривично гонење- преку ОЈО, Оддел за организиран криминал, МВР. ДКСК и УЈП неможат да бидат само посматрачи со лимитирани казнени можности кои се далеку под финансиската корист на функционерите и другите државни службеници.
- Промени во изборен законик за престанок или замрзнување на функциите на сите фунцкионери за кои ќе се подигне обвинение за злоупотреба на службена должност. Во случај на судска пресуда престанок на мандатот по автоматизам.
- Промени во Законот за државни службеници за суспензија на било кој службеник за кој постои истрага за можна злоупотреба на службена должност со завршувањето на судската постапка. Во случај на осуда да следува автоматски отказ без надомест.
