Нападнат и ограбен осумнаесетгодишник додека седел на клупа

Од:

Три непознати лица синоќа на улицата „Руѓер Бошковиќ“ извршиле разбојништво врз 18-годишниот Б.Б. од Скопје.

МВР информира дека Б.Б. додека седел на клупа во парк му се приближиле лицата и едното од нив со употреба на физичка сила, му го скинало златното ланче, му го одзеле мобилниот телефон и 1.500 денари. Тој случајот во полиција го пријавил во 22 часот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.