Општина Демир Хисар ја одржа манифестацијата „Денови на Смилевскиот Конгрес“, со што уште еднаш потсети на времето од пред 115 години кога во селото Смилево од 2 до 7 мај 1903 година се одржал Смилевскиот Конгрес.
Годинава во рамки на манифестацијата беше отворена изложба на тема„Смилево и Даме – наша светост“, учениците од ОУ „Даме Груев“ од Смилево приредија рецитал, а историски час за Смилевскиот Конгрес одржа Тања Апостоловска Ѓорѓиевска, директорка на тамошното училиште.
-Смилевскиот Конгрес е плочникот до Илинденското востание, историски настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ што трајно ја определи неговата иднина. Силно, и вечно македонски се, и ќе останат спомените за Даме Груев и сите историски личности и настани како постојан потсетник за долгиот, макотрпен, трнлив и неизвесен пат, но одлучен чекор во поставувањето на темелите на македонската државност, истакна градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, на манифестацијата „Денови на Смилевскиот Конгрес“ што се одржа во Меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес
