Канцеларијата ја претворил во ординација – раководителот на хидросистемот Ѓавато се лечи во службените простории

Од:

По повредите здобиени во сообраќајна несреќа, раководителот на хидросистемот Ѓавато, Јован Попов, бил врзан за кревет и неподвижен веќе два месеци. Тој наместо во болница или дома, се лекувал во службените простории, објави Канал Вис.

Како што објави Канал Вис, Попов во неговата канцеларија донел болнички кревет, лекови и опрема, а за него се грижеле вработените, кои му давале лекови и му менувале катетер.

Раководителот тврди дека е потребен на работното место и според неговата изјава министерството за животна средина било информирано за оваа ситуација.

Вработените во хидросистемот Ѓавато, го информирале министерството и испратиле фотографии од канцеларијата за да ги запознаат со ситуацијата, но од таму немало реакција.

Од министерството за животна средина информираат дека боледувањето на Попов е отворено од 30 март до 25 мај оваа година, пишува Канал Вис. Од министерството тврдат дека до нив не стигнале информации оти раководителот Попов живее и се лекува во канцеларијата.

Фото: Канал Вис