Изложба „Linescapes“ на Лазар Дарковски во „Јавна соба“

Од:

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер во 21 часот ќе биде отворена изложбата „Linescapes“ – трета самостојна на Лазар Дарковски. Ќе бидат претставени 15 дела, акрил на платно во формат 100 на 100 сантиметри.

– Дарковски го потенцира значењето на самото искуство на создавање на делата и процесот на создавање. Притоа уметничкиот објект или резултатот и не е примарен фокус, туку идентификацијата со процесот како усвојување на личниот духовен простор, алатка која уметникот го заштитува од сопствениот ум и од надворешните извори на хаос, наведува организаторот на изложбата, која ќе може да се посети до 21 мај.