Јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, организира денеска собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Во Собранието за денеска се најавени и средба на претставници на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со собранискиот
Буџетски совет, како и седници на Комисијата за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на двете комисии се Предлог – законите за изменување и дополнување на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, двата во второ читање.