Поранешниот ректор на Државниот тетовски универзитет Агрон Река, почина синоќа, ненадејно, во својот дом во Гостивар, на 60 годишна возраст.
Река ја почна кариерата како професор во гостиварската гимназија, а со ДУТ раководеше до пред една година.
Погребот ќе биде извршен на градските муслимански гробишата во Гостивар.
По повод смртта на Агрон Река, ДУТ најави одржување комеморативна седница.