Се чистат одводните канали во битолското село Буково

Од:

Локалните јавни претпријатија на општина Битола почнаа со чистење на одводните канали кои се наоѓаат на локалниот патен правец што води до населеното место Буково.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека чистењето на каналската мрежа за атмосферско одводнување, се врши во вкупна должина од 2.400 метри, а увид во комуналните активности извршила градоначалничката Наташа Петровска.

Со чистењето на каналската мрежа, се решаваат многу од проблемите во овој дел на општината, кои се појавуваа многу често, а се манифестираа преку поплавување на парцелите покрај патот, поткопување на банкините и оштетување на коловозот на локалниот пат за село Буково.

Вкупната вредност на инвестицијата на Општина Битола за оваа цел изнесува 162.408 денари.