А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Со протестен марш ССНМ го крева гласот против ниските плати на новинарите

by А1он01/05/2018 - 10:4794
Share0

„Образуваме деца за туѓи бели дворови“ се транспарентите што може да се забележат на денешниот Првомајски протест што го организира Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).

Добивај вести на вибер

Протестот не е се уште официјално почнат, но пред скопскиот плоштад Карпошово востание веќе се собираат луѓе, повеќето новинари, сниматели и фоторепортери.

Според најавата на ССНМ, учесниците на протестот ќе маршираат од Карпошово востание до Собранието и до Владата за да ја испратат пораката дека новинарството не смее да биде слабо платена и несигурна работа.

– Македонските новинари и медиумски работници се платени под државниот просек, не се инвестира во работната сила, а менаџерите воопшто немаат проблем да говорат за медиумите само како за бизнис, заборавајќи ја нивната општествена улога и одговорност, стои во повикот на ССНМ до граѓаните за што помасовно учество на протестниот марш.

Кон протестниот марш на ССНМ се придружија и Синдикатот на македонската дипломатска служба, како и Независниот академски синдикат.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто