А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ Една година по 27 април, живот дојде само за Заев и картелот на власт

by А1он28/04/2018 - 15:16109
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Хари Локвенец од СДСМ.

Добивај вести на вибер

„Една година по 27 ми април, живот дојде само за Зоран Заев и картелот на власт.

Ниту еден граѓанин не живее подобро, освен Трајче и Вице Заеви кои купуваат фабрики по багателни цени го освојуваат пазарот со марихуана. Животот дојде и за Кочо Анѓушев кој си наплаќа милиони евра за сопствените фирми, но и за разно разни Фрчковци, Грчевци, Талатовци кои си ги вработуваат децата и роднините на државни функции.

Македонија заглави во корупција, а владини функционери заплашуваат новинари и невладини организации доколку проговорат за криминалот што се прави.

Отварање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. Просечната плата наместо да биде 30.000 денари како што ветуваше Заев, оди надолу. Нема 100.000 денари за докторите, ниту повисоки пензии за пензионерите. Нема изградба на ниту еден километар од ветените 600 километри автопат. Градежништвото тоне.

Ова се резултатите на работењето на владата на СДСМ, живот за неколкумина од картелот на власт, а пекол за граѓаните на Република Македонија.

Хари Локвенец не може да се убеди ниту себе си, а не граѓаните во лагите што му ги дале да ги прочита.

Овој криминален картел мора да замине час поскоро. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто