А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сугарески учествува на меѓународната конференција „ТЕН-Т денови 2018“

by А1он25/04/2018 - 15:4393
Share0

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска учествува на меѓународната конференција „ТЕН-Т денови 2018”, која се оддржува во Љубљана, Словенија.

Добивај вести на вибер

Во рамките на конференцијата, која е посветена на развој на инфраструктурата во регионот, со посебен акцент на граничните премини и олеснување на транспортните услуги, министерот Сугарески ги претставил целите и проектите на Република Македонија за олеснување на транспортот на стока и патници со соседните земји, соопшти Министерството.

– Во рамки на Агендата за поврзаност, во тек е Проектот – Студија за олеснување на граничните постапки на седум гранични премини, дел од СЕЕТО главната и сеопфатната мрежа во Република Македонија. Во моментов, на сите гранични премини контролата се врши од двете страни на границите за патници и за стока. Наша заедничка цел кон која треба да се стремиме е воспоставување на заеднички контроли на одредени гранични премини, за што Република Македонија има веќе преземено конкретни чекори, истакна Сугарески.

Министерот го потенцирал проектот за изградба на заеднички железнички премин со Република Србија што треба да се изгради кај Табановце.

– Како позитивен пример се интензивните активности кои ги преземаме заедно со Република Србија кои треба да резултираат со современ заеднички граничен железнички премин. Што се однесува до олеснување на постапките за транспортните услуги со Косово, во наредниот период заедно со мојот колега од Косово ќе треба да ги дефинираме идните активности, имајќи предвид дека, согласно ратификуваната Спогодба, заедничката гранична железничка станица е предвидено да биде на косовска територија, рече министерот.

Сугарески се надева дека во наредниот период вакви спогодби ќе биде потпишани за двата гранични премиени со Република Грција.

Во рамките на конференцијата Сугарески имал неформална средба со еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, на која станало збор за инфраструктурани проекти во Македонија и нивното финансирање со поддршката што ја овозможува Европската Унија.

Како што се наведува во соопштението, министерот оствари и билатерални средби со неговиот колега од регионот, на кои ги потенцира заложбите на Република Македонија за реализација на крупните инфраструктурани проекти за регионално поврзување.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто