Претставници на Форумот за демократска Македонија се сретнаа со министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, на работна средба во просториите на македонската мисија при Обединетите Нации во Њујорк.
Се разговараше за актуелните политички процеси во државата и неодамнешната позитивна препорака за започнување на преговори со Европската Унија.
Форумот за демократска Македонија ја поздравува позитивната препорака и смета дека Македонија, како земја-кандидат, направила позитивни чекори во изминатава година, но и дека треба засилено да продолжи да работи на натамошни демократски и општествени промени за целосно да се интегрира во евро-атланските организации. Успешноста на овие промени, пред се, ќе се демонстрира со тоа колку граѓаните на Република Македонија реално ќе почувствуваат дека живеат подобро.
Министерот Адеми инфомираше за напредокот во изготвувањето на Националната стартегија за дијаспора каде ФДМ активно учетстува во работната група. ФДМ го поздравува инклузивниот процес на сеоптафтно вклучување на сите релевантини чинители во дефинирањето и создавањето на стратегијата. Се разговараше и за одредени сегменти од Националната стратегија за дијаспора, кои на практичен начин би го олесниле животот на македонската дијаспора преку поедносавено добивање на лични документи.
