ВИДЕО: Формирана група „Охрид“ за интеграција на Македонија во НАТО

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон изјави дека е составена неформална група наречена „Охрид“ која ќе помогне во интегрирањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Како што информираше премиерот, групата е составена од професионалци со успешен политички бекграунд, меѓу кои е и Лорд Џорџ Робертсон, како и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Карл Билд, поранешен премиер на Шведска, Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атлантскиот совет на САД и Зоран Чичак, советник за надворешни работи.

Оваа неформална група ќе претставува поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, се со цел државата да стане важен фактор за стабилност во регионот.

– Република Македонија и НАТО се блиски пријатели веќе 20 години. Нашата земја се адаптираше на потребите на НАТО и борбата против тероризмот. Од заробена држава, Македонија стана демократска земја и потврда за ова е позитивниот извештај од Европската унија, рече Заев.

Тој додаде дека НАТО го врати фокусот кон Балканот и ги отвори вратите за нови членки во Алијансата.

Виктор Јованов