А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Угостителите бараат плаќањето кон ЗАМП да биде врз реално утврдени критериуми

by А1он23/04/2018 - 14:2787
Share0

Изземање на обврските на хотелите и рестораните кон Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) во случај кога се организира хуманитарен настан и плаќање на надоместок само кога угостителските објекти се јавуваат како организатори на настанот, бара Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тие бараат да се направи разлика кога угостителските објекти се организатори на настани од случаите кога само го отстапуваат просторот за настани што ги организираат трети лица.

– Здружението за угостителство и туризам нема да толкува дали треба или не да се плаќа. Законот за авторско право и сродните права е право кое ги дефинира правата на уметниците и тоа е право рамно на устав. Ние нема да навлегуваме во тоа зошто да се плаќа. Законодавецот тоа го одредил. Она што Здружението за угостителско и туризам го бара е да има реално зафаќање и соодветни трошоци кои нема да бидат преголемо оптоварување за угостителите, истакна Даниела Михајловска од Стопанската комора на Македонија на денешната редовна прес-конференција.

За Здружението е важно тарифите да се носат врз основа на економски утврдени критериуми. Досегашното искуство, како што посочуваат, покажува дека угостителскиот сектор е нереално оптоварен со големи трошоци кон ЗАМП. Така, според постојниот правилник со тарифа за користење авторски и музички дела кој е во функција од 1 ноември 2017 година, угостителите треба да му плаќаат на ЗАМП четири проценти од приходот што го остваруват по основ на свадби и крштевки и околу 10 проценти од организирани дипломски и матурски прослави.

Следете a1on на Youtube YouTube
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео