А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нов систем за донирање вишок храна „Сите Сити“

by А1он23/04/2018 - 13:36367
Share0

„Сите сити“, систем за донирање и дистрибуција на храна до граѓаните на кои им е потребна беше промовиран денеска во Скопје. Системот за почеток ќе функционира во главниот град и преку 14 граѓански организации ќе опслужува најмалку 1.000 лица со по два оброка дневно, со план од наредната година да се прошири и во другите градови.

Добивај вести на вибер

– Секој од нас може да направи нешто навидум мало да го спречи гладот, а сите заедно да направиме многу голема промена. Промена мора да има. Четиристотини и педесет илјади граѓани не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, а од друга страна илјадници тони безбедна храна завршува на отпад и депонии, рече на денешната прес-конференција Блаже Јосифовски.

За да функционира системот, додаде, развиена е транспортна и дистрибуциска мрежа, во зависност од видот на храната и потребата на корисниците, разиена е веб платформа за поврзување на бизнисите и донаторите со граѓанските организации за видот на храната количините и кога можат да бидат преземани, кампања за подигнување на свеста, но и исто така, закон за донирање вишок храна

Главни донатори ќе бидат производителите на храна, дистрибутерите, угостителските објекти и пекарниците.

Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, чија земја преку СИДА дава поддршка за овој систем, истакна дека еден од поголемите предизвици за Македонија е како да се надмине проблемот со недостиг на храна, фактот што секој петти Македонец нема пристап до потребната количина, и, како што рече, таа наместо да завршува на отпад да се донира.

Апелираше во функционирањето на системот да се вклучуваат и други субјекти од оние кои сега се во него, со цел, како што рече, да се зголеми негиовиот капацитет и да се опслужат што повеќе граѓани на кои им е потребна храна.

Амбасадорот на САД Џес Бејли, рече дека со овој проблем не се соочува само Македонија, туку и другите земји, посочувајќи притоа дека секој осми граѓани на САД нема пристап до доволно храна.

Работевме многу, истакна, да направиме законски основи и изградба на систем за да се зголеми пристапот на граѓаните до квалитетна храна.

Ваквата програма, според него, е добар пример како може да се работи заедно – граѓанскиот сектор, бизнисите и владата за подобрување на состојбата на граѓаните.

Освен СИДА и УСАИД, поддршка за реализација на ситемот даваат и Националниот демократски институт и Publicis One CEO, СОО Адриатик.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто