(ВИДЕО) Моника пуштена од станица: Ме уапсија без никаква основа

Од:

Девојката која што вчера пушеше марихуана по улиците на Скопје, а денеска беше приведена, по излегувањето од полициска станица се огласи на социјалните медиуми.

Во новото видео таа вели дека била уапсена во парк за време на настанот „Конопфест“.

– Ме уапсија без никаква основа. Налогот за претрес го донесоа отпосле, вели Моника.

Таа додава дека при претресот не било пронајдено ништо, бидејќи, како што кажуваа, таа не е дилер, туку активист кој се бори за промена на законот.

Како главен изговор за нејзиното приведување, полицијата ѝ рекла дека било тоа што дава лош пример за младите, вели Моника во нејзиното видео објавено на социјалнтие мрежи.