Излегол на тридневно отсуство од затвор и извршил тешка кражба среде Центар

Од:

Осуденик од „Идризово“ пуштен на тридневно отсуство извршил тешка кражба во Скопје.

Затвореникот со употреба на сила одзел паричник од повозрасна жена, на паркинг просторот кај хотелот „Холидеј Ин“.

„Ф.Р. се приближил од позади грб до повозрасна жена и со употреба на сила и го одзел паричникот кој го држела во рака, по што побегнал од местото. Со помош на двајца граѓани, сведоци на настанот, Ф.Р. бил лоциран, лишен од слобода и приведен во Полициската станица Центар. Со него истиот ден бил извршен разговор и било констатирано дека тој е осуденик во казнено-поправната установа „Идризово“, кој бил пуштен на тридневно отсуство. Со наредба од Јавен обвинител, Ф.Р. бил вратен во казнено-поправната установа „Идризово“, соопшти МВР во дневниот билтен.