„Студентите гледаат дека се што СДСМ зборуваше и ветуваше е обична лага.
Стандардот и животот во студентските домови не се подобри. Нема подобри услови за студентите нема ништо ни од ветената младинска гаранција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го започна реновирање на два блока од студентскиот дом „Гоце Делчев“ како и бараките во студентскиот дом „Стив Наумов“ кои беа од ново изградени. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во младината и нивната иднина за разлика од оваа неспособна влада која не води грижа за младите.
Во овие моменти СДСМ не инвестира ништо на ова поле и покрај ветените брда и долини во предизборието. СДСМ не само што не инвестира во старите студентски домови туку ја запре и изградбата на три нови студентски дома.
СДСМ нема оправдување за ужасните услови во студентските домови. СДСМ нема оправдување за несервисирањето на лифтовите во домовите, немањето топла вода и оброци во кои шетаат бубачки“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
