Државниот студентски дом реагира: ВМРО-ДПМНЕ ги остави студентските домови во долг од 5 милиони евра

Од:

Државниот студентски дом Скопје реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за лошиот студентски стандард, кога токму партијата на Филип Ѓорѓиев е виновна за лошата состојба во образованието и студентските домови. Ѓорѓиев очигледно заборавил кој е резултатот од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и еве едно потсетување. ВМРО-ДПМНЕ толку се многу се грижеле за стандардот на студентите и студентските домови, што истите ги оставиле во долг од 5 милиони евра, со неплатени сметки за вода и руинирани згради. Заради целосна негрижа и злоупотреби, постоеше ризик домовите да останат без греење и без храна, нешто што новата власт предводена од СДСМ веднаш го реши. За цели 11 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ успеа едвај да реновира еден блок во Гоце Делчев, не изгради ниту еден нов студентски дом и не вложи ништо за реално подобрување на студентскиот живот. Токму студентите први го кренаа гласот и го казнија криминланото и недомаќинско работење на оваа партија. Новата власт предводена од СДСМ започнува со инвестициски циклус за реновирање на домовите и подобрување на условите во однос на храната, безбедноста и социјланиот живот на студентите. Владата издвои 660 милиони денари за оваа намена во прва фаза и наскоро се започнува со темелни реконструкции и инвестиции. Прв ќе биде реновиран токму домот „Стив Наумов“ и тоа зафати ќе има во сите згради на домот“ се вели во реакцијата на државниот студентски дом Скопје.