Зголемени нивоата на реките и езерата

Од:

Повисоки од денешниот просек за април се нивоата на реката Вардар кај Јегуновце, кај Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Сатеска кај Ботун и Црн Дрим кај Ложани.

Според УХМР, пониски се нивоата на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црна река кај Новаци.

Зголемувања се измерени и на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.