Во вооружен инцидент кој се случи попладнето во Мала Речица учествувале две групи пред седиштето на ДУИ при што убиен е Наим Реџепи од Куманово, а неколкумина се повредени. Пред вооружената пресметка двете групи имале расправија.
Инцидентот се случил на 200 метри оддалеченост од седиштето на ДУИ,а двете групи биле ривалски кумановски групи од ДУИ.
Наип Реџепи важел за еден од посериозните кандидати за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.
Партијата преку соопштение демантираше дека имаат некаква врска со инцидентот.
Од полицијата информираа дека на излезот од Тетово се приведени две лица за кои постои сомнение дека се учесници во престрелката.
