Даниел Пиљаковски, кој е потпишан на песните во збирката „Млади поети“ издадена од Агенцијата за млади и спорт, кои предизвикаа реакции во јавноста поради навредливата, дискриминаторски и шовинистичка содржина, реагира дека тој не е автор на творбите.
– Категорично одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај , бидеќи ми се создаваат големи проблеми реагира Пиљаковски.
Во збирката поезија, Пиљаковски е пишан како авотр на песните „Партиски вработена“ и „Моите соседи“ што предизвикаа реакции поради содржината. Директорот на АМС, Дарко Каевски, кој е пишан како уредник на збирката, денеска на прес-конференција изјави дека чувствува одговорност и дека ќе се обиде да го пронајде виновникот што овие песни биле објавени.
