А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЈП „Проаква“: Канализацијата во Струга е пред колапс, итно да се намали испустот на води во Црн Дрим

by А1он31/03/2018 - 17:28269
Share0

МЈП „Проаква – Струга“ испрати итно известување до ЕЛЕМ, подружница ХЕЦ „Глобочица“ во кое предупредува дека канализацијата во Струга е пред колапс поради подземни води, дознава „Макфакс“. Од јавното претпријатие предлагаат да се намали испустот на води во реката Црн Дрим за состојбата да не ескалира.

Добивај вести на вибер

Од „Проаква“ сметаат дека на зголеменото ниво на подземните води влијае испуштањето на водите од Охридското Езеро во реката Црн Дрим и дека шахтите и цекововодите се преполни. Таквата состојба на системот на канализацијата според претпријатието е поради застареноста на цевководите и шахтите кои примаат подземни води поради притисокот на истите од прелевањето на реката Црн Дрим од преголема количина на води кои поминуваат сред градското подрачје.

Исто така, според известувањето проблем се јавува во системот на примарниот колектор во должина од 17 километри од Охрид за Струга каде има преполни цевки со пумпни станици кои работат надвор од планираното. Во известувањето се предупредува дека ситуацијата ќе се влошува ако во следните денови нивото на Црн Дрим не се намалува во делот на пречистителната станица во Врништа. Од претпријатието предлагаат излезно решение само преку управување со испуштените води во реката Црни Дрим, односно предлагаат да се намали испустот на води од 25-30 кубни метри во секунда за да паларалено истекуваат и насобраните подземни води на подрачјето на Струга.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто