Честитка од Џафери по повод католички Велигден

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка до Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх, Монс. д-р Киро Стојанов по повод празникот Велигден.

„Почитуван Монсињор Стојанов,

Ми претставува чест и задоволство, од свое лично име, и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично и на верниците од Католичка вероисповед во Република Македонија да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Верските празници и нивното празнување нè потсетуваат и нè враќаат на патот кон вистинските животни стремежи, а тие се почитта, чесноста и вербата.

Овој ден нека нè потсети и на заедничката цел за подобар живот и иднина како за нас, така и за генерациите кои доаѓаат, без разлика на етничка или религиска определба.

Дозволете уште еднаш да Ви го честитам големиот христијански празник и да се заблагодарам за придонесот на Католичката црква и католичката заедница во Република Македонија. Ви посакувам празнични денови исполнети со мир, многу здравје, радост и среќа во секој дом и кај секое семејство“ се вели во честитката на Талат Џафери.