Увид во реконструкцијата на автопатска делница Неготино-Демир Капија денеска ќе изврши министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.
Увидот ќе се изврши на пет километри пред Демир Капија близу село Прждево.
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, станува збор за проект со вредност од пет милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Се работи за целосна реконструкција на оваа автопатска делница во двата правци и тоа Неготино – Демир Капија и обратно.
Седум километри од десната лента е комплетно завршена и во многу скоро време ќе се пушти за сообраќај. Потоа градежната компанија ќе премина на реконструкција на левата лента и според планираното очекуваме комплетно автопатот да биде завршен ова лето.
