А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Потпишани договори за грантирање на граѓански организации од Крива Паланка

by А1он30/03/2018 - 17:2593
Share0

Општина Крива Паланка додели грантови на 16 граѓански организации со цел нивна активна вклученост во креирање на локалниот развој и јакнење на капацитетите на здруженијата кои дејствуваат на подрачјето на оваа општина.

Добивај вести на вибер

Договорите денес беа официјално врачени и потпишани на свеченост од страна на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

– Исполнувајќи ги критериумите за транспарентно и отчетно, како и одговорно работење, предвидената сума од 800.000 денари од буџетот за 2018 година за трансфери до граѓански организации ги доделуваме согласно јавен повик на кој пристигнаа 19 апликаци, а 16 од нив се одобрени и ќе бидат поддржани. Има квалитетни проекти од различни сфери: земјоделие, култура, спорт, фолклор и традиција, од областа на младите, а сите се насочени кон подобрување на работењето на овие здруженија, збогатување и надополнување на секторите во областите во кои ќе бидат имплементирани, со што граѓанскиот сектор, за прва пат е поддржан на транспарентен начин и стимулиран да биде активно вклучен во креирањето на локални политики и развој, истакна Мицевски.

Дел од апликантите за прв пат поднесуваат проектни апликации, па од општината планираат со сите расположливи ресурси и искуство да помогнат грѓанските организации заедно со поискусните да можат да добијат вештини за понатамошно полесно аплицирање пред домашни и странски донатори.

Временската рамка за спроведување на проектите е крајот на календарската година, а корисниците на средства имаат обврска на транспарентен начин, по реализација на проектните активности, во рок од 30 дена да достават наративен и финансиски извештај за оправдување на искористените финансии, што пак, ќе биде основен предуслов за повторно аплицирање следната година.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто