Руската амбасада преку нивниот Твитер профил реагираа на ставот на Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека Москва не е партнер на Македонија.
Николовски при негово гостување во Алсат изјави дека партнер на ВМРО-ДПМНЕ не е Москва, туку Брисел, Лондон и Вашингтон.
Одговор на тоа стигна од руската амбасада.
– Според Александар Николовски, Москва не била партнер за ВМРО-ДПМНЕ – за разлика од Лондон, Брисел и Вашинготн. Забележителен став, пишува во твитот на руската амбасада.
Според @AlexandarMKD #Москва не била партнер за @VMRO_DPMNE – за разлика од Лондон, Брисел и Вашингтон. Забележителен став https://t.co/PezPdTKQdY
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) March 28, 2018